Свет

„Неговата смисла за хумор е неверојатна“ напиша Маск за изјавата на Зеленски дека „САД не можат ја принудат Украина“

Маск на својата платформа X одговори дека „ќе дознае кој ги изнесува овие наводи и ќе ги разоткрие“.

„Неговата смисла за хумор е неверојатна“ напиша Маск за изјавата на Зеленски дека „САД не можат ја принудат Украина“

Елон Маск, американски милијардер и близок соработник на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, со сарказам ја прокоментира изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Украина е независна земја која не може да биде принудена да „седне и да слуша“.

Маск кој во новата админситрација на Трамп, треба да го води новоформираниот Одделоза владина ефикасност, на платформата X (поранешен Твитер), сподели дел од интервјуто што Зеленски го даде за украинската телевизија Суспилне. Во тоа интервју Зеленски изјави: „САД не можат да не принудат да седнеме и да слушаме на преговарачка маса. Ние сме независна земја“. Маск на тоа додаде саркастичен коментар: „Неговата смисла за хумор е неверојатна“, пренесува Индекс.хр.

Зеленски во интервјуто за Суспилне беше прашан какви пораки добил од Трамп во врска со можните преговори со Русија. Новоизбраниот американски претседател претходно изјави дека ќе ја заврши војната во рок од „24 часа“, а неговиот тим вети дека ќе ги доведе Киев и Москва на преговарачка маса.

– Ние сме независна земја. Мислам дека за време на оваа војна, нашиот народ и јас лично, во преговорите со САД, со Трамп, Бајден, европските лидери, покажавме дека реториката „седи и слушај“ не функционира кај нас, одговори Зеленски.

Маск реагираше набргу откако двајца американски демократски сенатори ја повикаа владата да ги истражи извештаите за неговата комуникација со руски претставници, вклучително и со претседателот Владимир Путин. Во неодамнешниот извештај на „Волстрит журнал“ се цитираат американски, европски и руски официјални лица дека Маск имал неколку разговори со Путин и рускиот заменик-началник на Генералштабот Сергеј Кириенко.

Маск на својата платформа X одговори дека „ќе дознае кој ги изнесува овие наводи и ќе ги разоткрие“.

Американските медиуми објавија и дека Маск се приклучил на телефонскиот разговор меѓу Зеленски и Трамп веднаш по победата на Трамп, наводно ветувајќи дека ќе продолжи да ја поддржува Украина со неговите сателити Старлинк. (МИА)

To top