Свет Протест

„Не го игнорирајте страдањето на Палестинците“: Илјадници демонстранти бараат прекин на огнот

Многумина вееја палестински знамиња и носеа знаци на кои пишуваше „Мир за Палестина“ и „Не го игнорирајте страдањето на Палестинците“.

„Не го игнорирајте страдањето на Палестинците“: Илјадници демонстранти бараат прекин на огнот

Неколку илјади луѓе, меѓу кои и шест министри од шпанската влада, денеска излегоа низ улиците на Мадрид барајќи итен прекин на огнот во војната меѓу Израел и палестинското движење Хамас во Појасот Газа.

Демонстрантите поминаа од железничката станица до главниот плоштад во центарот на Мадрид, носејќи голем транспарент на кој пишуваше „Слобода за Палестина“.

Многумина вееја палестински знамиња и носеа знаци на кои пишуваше „Мир за Палестина“ и „Не го игнорирајте страдањето на Палестинците“.

Присутни беа шест министри од владата на социјалистичкиот премиер Педро Санчез, и тоа пет членови на екстремно левичарската партија Сумар, која е во коалициската влада, како и министерот за транспорт Оскар Пуенте од Социјалистичката партија.

„Потребен ни е итен прекин на огнот, крај на убиствата и нападите врз невини луѓе, мора да постигнеме ослободување на сите заложници“, им рече Пуенте на новинарите на почетокот на протестот.  (МИА)

To top