Свет Литванија

Науседа: Следните санкции против Русија треба да наликуваат на молотов коктел

-Навистина се надевам дека нашите колеги во ЕУ ќе разберат дека 17-тиот пакет санкции беше само загревање. Мораме да го подготвиме 18-тиот пакет санкции што би наликувал на молотов коктел.

Науседа: Следните санкции против Русија треба да наликуваат на молотов коктел

Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа денеска се заложи за построги санкции на Европска Унија против Русија.

Според него, рускиот претседател Владимир Путин го врти целиот свет против себе и навистина заслужува многу построги санкции од оние што се во сила во моментов.

-Навистина се надевам дека нашите колеги во ЕУ ќе разберат дека 17-тиот пакет санкции беше само загревање. Мораме да го подготвиме 18-тиот пакет санкции што би наликувал на молотов коктел.

Литванија, која е членка на ЕУ и на НАТО, е еден од најгласните поддржувачи на Украина на меѓународна сцена.

ЕУ минатата недела го воведе 17-тиот пакет санкции против Русија, меѓу кои и дополнителни ограничувања за така наречената флота во сенка, што Русија ја користи за транспорт на нафта и нафтени деривати. (МИА)

To top