Свет

НАТО привремено ги повлекува трупите од мисијата во Ирак

Мисијата на НАТО во Ирак, што има задача да им помага и да ги советува ирачките сили во нивната борба против џихадистичките групи, го повлече својот персонал поради безбедносни причини, јавија француските медиуми повикувајќи се на безбедносни претставници.

-Тоа е привремено повлекување. Тие се загрижени за ситуацијата на Блискиот Исток, рече првиот претставник.

Вториот претставник рече дека „целиот персонал на мисијата е повлечен“, освен мал број лица.

Мисијата, што вклучува „стотици персонал“, се наоѓа во ирачка воена база во центарот на Багдад, близу амбасадата на САД, што е цел на чести напади од проирански фракции во текот на војната на Блискиот Исток.

To top