Свет „Роберт Шуман“

Наставничка се бори за живот, ученик ја избодел со нож во училиште во Франција

Младиот човек бил однесен со хеликоптер во локална болница и е во критична состојба, дознава БФМ ТВ од извор близок до истрагата.

Наставничка се бори за живот, ученик ја избодел со нож во училиште во Франција

Наставничка по музичко во основно училиште во Франција е избодена со нож во лицето денеска за време на часот и е во критична состојба, јавува телевизијата БФМ.

Наставничката (66), жртвата на нападот, е хоспитализирана и е во критична состојба. Напаѓачот, според БФМ ТВ, е 14-годишен ученик и е уапсен кратко по нападот.

Жандармеријата соопшти дека напаѓачот се обидел да избега и се избодел за време на апсењето.

Младиот човек бил однесен со хеликоптер во локална болница и е во критична состојба, дознава БФМ ТВ од извор близок до истрагата.

Осомничениот наводно е ученик кој бил сместен во дом и бил познат во неговото училиште по пишување нацистички графити.

Причината за нападот сè уште не е позната.

Учениците во основното училиште „Роберт Шуман“ биле евакуирани и собрани во училница кратко по нападот.

Тие се под заштита на жандармеријата, а на нивните родители им е кажано дека можат да дојдат и да ги земат своите деца.

Министерката за национално образование и млади на Франција, Елизабет Борн, остро го осуди нападот.

-Ја изразувам мојата солидарност со наставникот и училишната заедница. Единицата за итни случаи е активирана за да им обезбеди поддршка на сите ученици и персонал, рече таа. (МИА)

To top