Населението на Египет надмина 106 милиони луѓе, објави Централната агенција за јавна мобилизација и статистика, цитирана од весникот „Ал-Ахрам“.
На 3 јуни минатата година, населението во северноафриканската земја беше 105 милиони, што значи дека се зголеми за еден милион луѓе за само 250 дена.
Иако стапката на раст е впечатлива, таа сè уште забавува. Зголемувањето од 104 милиони на 105 милиони траеше 245 дена, а претходното зголемување од еден милион траеше 221 ден.
Меѓу 3 јуни 2023 година и 8 февруари 2024 година, во просек се раѓале 5.599 бебиња дневно, што е 233 раѓања на час, или приближно четири раѓања во минута. Во периодот во кој популацијата пораснала од 104 милиони на 105 милиони луѓе, во просек се раѓале 5.683 бебиња дневно, наспроти 6.089 бебиња во претходниот период.
Статистиката известува дека стапката на наталитет е намалена од 3,5 раѓања по жена во 2014 година на 2,85 раѓања во 2021 година и 2,76 во 2022 година. (МИА)