Свет нова рунда разговори

Напредок во преговорите за Газа

Во Каиро е постигнат напредок во преговорите за прекин на огнот во Газа и има договор за основните точки меѓу сите вклучени страни, јави рано утринава египетскиот државен ТВ канал „Ал Кахера њуз“, цитирајќи висок египетски извор.

Напредок во преговорите за Газа

Израел и Хамас вчера испратија тимови во Египет на нова рунда разговори за евентуален прекин на огнот во шестмесечниот конфликт.

Британските медиуми пренесуваат дека засега нема коментар од Хамас и ниту една од страните на разговорите во Каиро не го потврди извештајот на телевизијата „Ал Кахара“.

Според египетската телевизија, делегациите на Хамас и Катар го напуштиле Каиро и ќе се вратат во рок од два дена за да ги договорат условите за конечниот договор, додека делегациите од Израел и САД ќе го напуштат египетскиот главен град за неколку часа.

Од преговарачките тимови се додава дека консултациите ќе траат во следните 48 часа.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Хамас вчера повтори дека неговите барања вклучуваат траен прекин на огнот, повлекување на израелските сили од Газа, враќање на раселените и размена на палестински затвореници за израелски заложници држени во Газа.

To top