Свет Либанска армија

Нападната американската Амбасада во Бејрут

Локалните медиуми јавуваат дека пукањето траело околу половина час.

Нападната американската Амбасада во Бејрут

Три лица со огнено оружје денеска пукале кон американската амбасада во Бејрут при што е повреден припадник на обезбедувањето.

Либански портали пренесуваат дека еден од напаѓачите е убиен, друг е ранет, а во тек е потера по третиот.

Либанската армија соопшти дека возвратила со оган кон напаѓачите и оти повредениот напаѓач, кој е од сириска националност, е пренесен во болница.

Локалните медиуми јавуваат дека пукањето траело околу половина час.

Американската амбасада соопшти дека никој од персоналот не бил повреден за време на нападот. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top