Свет

Најмалку едно лице загина, две се повредени во руски напад врз Краматорск, осум повредени во Херсон

Во објава на Фејсбук се наведува дека како резултат на нападот врз Краматорск избувнале пожари во станбена зграда и на автомобили, објави Укринформ.

Најмалку едно лице загина, две се повредени во руски напад врз Краматорск, осум повредени во Херсон

Најмалку едно лице е убиено, а две други се повредени утрово во руски напад врз Краматорск, во Донецкиот регион, во југоисточна Украина, објави украинската служба за вонредни ситуации. Уште најмалку осум лица се повредени во руски отнапад во текот на ноќта врз Херсон, во јужна Украина, објави денеска воената администрација на Херсонскиот регион.

Во објава на Фејсбук се наведува дека како резултат на нападот врз Краматорск избувнале пожари во станбена зграда и на автомобили, објави Укринформ.

Се нагласува дека припадниците на службите за вонредни ситуации го изгаснале пожарот, кој зафатил површина од 250 квадратни метри.

Во соопштение, објавено на Телеграм, се наведува дека три од повредените лица во Херсон се пренесени во болница, објави Укринформ, додавајќи дека во нападот се оштетени куќи, продавници и ресторани.

To top