Свет колумбија

Најмалку четворица мртви во напад врз колумбиска воена база

Во Колумбија се води 52-годишна граѓанска војна меѓу левичарските бунтовници, десничарските паравоени сили и војската на земјата, во која досега загинаа 220.000 лица, а милиони други се раселени, потсетува ДПА.

Најмалку четворица мртви во напад врз колумбиска воена база

Најмалку четворица војници се убиени, а неколку се повредени во напад врз воена база во Колумбија, соопшти синоќа војската, пренесе ДПА.

Регионалната влада на североисточниот департман Сезар пријави 32 повредени.

Командантот на Колумбиската национална армија, Луис Емилио Кардозо, на платформата X изјави дека одговорна за нападот е левичарската герилска група Националноослободителна армија (ЕЛН).

Марксистичко-ленинистичката герилска организација има околу 5.000 борци и е вклучена во киднапирања, трговија со дрога и рекетирање за заштита, потсетува германската агенција.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Некогаш се бореше против државата, но групата сè повеќе се развива во класична криминална организација.

Во Колумбија се води 52-годишна граѓанска војна меѓу левичарските бунтовници, десничарските паравоени сили и војската на земјата, во која досега загинаа 220.000 лица, а милиони други се раселени, потсетува ДПА.

Во 2016 година, најголемата герилска организација, ФАРК, и колумбиската Влада потпишаа мировен договор. Иако безбедносната ситуација во земјата се подобри, делови од земјата продолжуваат да бидат контролирани од криминални групи.

Во јануари, владата на претседателот Густаво Петро ги прекина мировните преговори со ЕЛН по неколкуте смртоносни напади врз војници и отцепени групи од ФАРК.

To top