Најмалку четири лица загинаа во несреќа во рудник за јаглен на северот на Виетнам, јавија денеска државните медиуми.
Во инцидентот повредени се најмалку седум работници.
Истекување на метан во рудникот предизвика пожар и експлозија.
Четворицата рудари починаа од вдишување отровни испарувања.
Пожарот е ставен под контрола. (МИА)