Најмалку 56 лица загинаа денеска во нови судири во Бангладеш откако премиерката Шеик Хасина ја напушти земјата, според нови полициски и болнички извори, пренесе БТА.
Најмалку 44 од убиените се пренесени во Универзитетската болница во Дака. Сите се здобиле со прострелни рани.
Уште 11 лица загинаа во главниот град, а уште едно во пристанишниот град Читагонг, соопшти полицијата. (МИА)