Свет УЖАС

Најмалку 48 новинари загинаа во војната меѓу Израел и Хамас

Убиени се 43 палестински новинари, четворица Израелци и еден Либанец.

Најмалку 48 новинари загинаа во војната меѓу Израел и Хамас

Прелиминарната истрага на Комитетот за заштита на новинарите (CPJ) покажа дека од почетокот на војната меѓу Израел и палестински Хамас досега се убиени најмалку 48 новинари и медиумски работници.

Најсмртоносен ден за нив беше првиот ден од војната, 7 октомври, кога загинаа шест новинари и медиумски работници. Петмина новинари беа убиени на 18 ноември.

Убиени се 43 палестински новинари, четворица Израелци и еден Либанец.

CPJ ги проучува сите извештаи за убиени, ранети или исчезнати новинари и медиумски работници во услови на војна од 1992 година.

Од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас, деветмина новинари се ранети, тројца исчезнаа, а 13 се уапсени. (МИА)

To top