Свет Несреќа

Најмалку 40 работници заробени во урнат тунел во Индија

Низ отворите на урнатините им се доставува кислород.

Најмалку 40 работници заробени во урнат тунел во Индија

Најмалку 40 работници се заробени денеска откако се урна тунел во изградба на пат во северната индиска држава Утарханд, изјави претставник на спасувачките служби.

„Околу 200 метри од тунелот се урна“, изјави за АФП официјален претставник кој зборуваше од местото на несреќата, пренесува Бета.

Тој рече дека во тунелот се заробени 40 или 41 работник.

Низ отворите на урнатините им се доставува кислород. Тунелот продолжува да се урива додека спасувачите се обидуваат да стигнат до работниците заробени внатре. (МИА)

To top