Најмалку 35 луѓе се повредени откако ноќниот воз од Москва за Чаљабинск излета од шини и се превртеа вагони на два ката.
Во возот имало 415 патници, а инцидентот се случи во близина на селото Бријандино, во регионот Уљановск, на 800 километри источно од Москва.
Според првичните информации несреќата е предизвикана од истрошената подлога на пругата. (МИА)