Свет Русија-Украина

Најмалку 20 загинати во руски напади во два региона на Украина во текот на ноќта

Најмалку 20 лица загинаа во Украина во руски напади во текот на ноќта во Запорожје и Дњепропетровск, објавија светските агенции, повикувајќи се на локалните власти. Повредени се повеќе од 40 лица.

Вкупно 16 лица загинаа во осум бомбашки напади во Запорожје, а четири лица загинаа во три напади во Дњепропетровск, соопштија локалните власти.

Серија напади беа извршени врз казнено-поправен центар во Запорожје, при што загинаа 16 лица, а 35 беа ранети, напиша на Телеграм шефот на украинската претседателска администрација, Андриј Јермак, нарекувајќи го тоа „ново воено злосторство извршено од Русите“.

Штета беше предизвикана и на соседните станбени згради.

Во Дњепропетровск, покрај четворицата загинати, осум беа повредени во нападите во полноќ, објави шефот на регионалната администрација, Сергиј Лисак.

Нападите беа извршени со дронови со експлозиви и водени бомби.

To top