Свет Јужна америка

Најмалку 20 повредени во пожар во индустриска зона во Аргентина

Експлозиите и последиците од пожар во неколку објекти се ужасни, изјави градоначалникот на Езеиза, Гастон Гранадос

Најмалку 20 повредени во пожар во индустриска зона во Аргентина

Најмалку 22 луѓе се повредени при експлозија во индустриската зона на аргентинскиот град Езеиза.

– Експлозиите и последиците од пожар во неколку објекти се ужасни, изјави градоначалникот на Езеиза, Гастон Гранадос.

Тој додаде дека сè уште не е утврдена причината за пожарот.

– Се обидуваме да го ставиме огнот под контрола и да го изгаснеме,но сè уште не успеваме, наведе Гранадос.

Според локалните медиуми, пожарот зафатил најмалку пет објекти.

– Индустриската зона во Езеиза е лоцирана во близина на меѓународниот аеродром, каде се сместени различни компании со различни производи. Има голем број производители на гуми, хемиски компании и магацин за „Ајрон Маунтин“ (компанија што архивира документи и податоци), изјави директор на Канцеларијата за цивилна заштита на покраината Буенос Аирес, Фабијан Гарсија.

To top