Свет Во областа Гуна

Најмалку 13 лица загинаа во судар на автобус и камион во Индија

Според индиската полиција, повеќе од 110.000 луѓе годишно гинат во сообраќајни несреќи низ Индија.

Најмалку 13 лица загинаа во судар на автобус и камион во Индија

Најмалку 13 лица загинаа, а 16 се повредени во судар на автобус и камион на автопат во централна Индија, во областа Гуна во Мадја Прадеш, соопшти денеска полицијата.

По сударот автобусот се запалил и во пожарот загинале 12 патници, а од ударот загинал и возачот на камионот, јавува Скај Њуз. Повредените се хоспитализирани.

Според индиската полиција, повеќе од 110.000 луѓе годишно гинат во сообраќајни несреќи низ Индија. (МИА)

To top