Свет УЖАС

Најмалку 12 загинати во насилства на изборниот ден во Пакистан

Нападите се случиле на најмалку 51 место во нестабилните југозападни и северозападни региони на земјата кои се граничат со Авганистан и Иран.

Најмалку 12 загинати во насилства на изборниот ден во Пакистан

Најмалку 12 лица, главно безбедносни службеници, се убиени во бројни напади на милитантите со цел да ги попречат националните избори, соопшти денеска пакистанската војска.

Нападите се случиле на најмалку 51 место во нестабилните југозападни и северозападни региони на земјата кои се граничат со Авганистан и Иран.

Најмалку 10 припадници на безбедносните сили се меѓу загинатите, се додава во соопштението на војската. Околу 39 луѓе се ранети, а петмина милитанти се убиени.

Околу 600.000 припадници на безбедносните сили, вклучувајќи 137.000 војници, се распоредени за да го обезбедуваат гласањето во нуклеарно вооружената исламска република.

Избирачките места се затворени откако илјадници луѓе им пркосеа на смртоносните напади за да застанат во редици за да гласаат за само трет трансфер на власта меѓу цивилните влади во земјата склона кон пуч неколку децении, пренесе ДПА.

Партијата на поранешниот пакистански премиер Наваз Шариф победи во четвртокот кога почна пребројувањето на гласовите по хаотичниот ден на гласање со обвинувања за местење од страна на опозицијата во услови на исклучување на интернетот и смртоносно насилство.  (МИА)

To top