Најмалку 12 деца загинаа откако камион се судри со училиштен автобус во провинцијата Гаутенг, Јужна Африка.
Според првичните информации 11 ученици починале на местото на несреќата, а еден ученик им подлегна на раните во болница.
Автобусот превезувал ученици од различни основни и средни училишта од југозападниот дел на Јоханесбург. (МИА)