Свет УЖАС

Над 50 новинари и медиумски работници убиени во војната Израел-Хамас

Според невладината организација  со седиште во Њујорк, што го следи бројот на загинати во Израел, Појасот Газа и либанската граница, 46 од загинатите се Палестинци, четворица Израелци и тројца Либанци.

Над 50 новинари и медиумски работници убиени во војната Израел-Хамас

Од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври, загинаа 53 новинари и медиумски работници, покажуваат најновите податоци објавени денеска од Комитетот за заштита на новинарите (CJP).

Според невладината организација  со седиште во Њујорк, што го следи бројот на загинати во Израел, Појасот Газа и либанската граница, 46 од загинатите се Палестинци, четворица Израелци и тројца Либанци.

Тие бројки вклучуваат двајца новинари од проиранскиот либански телевизиски канал Ал Мајадин, кои беа убиени денеска во израелски напади во јужен Либан, во близина на границата со Израел, соопштија либанските власти.

Според таа организација, од почетокот на конфликтот, 11 новинари се ранети, а тројца исчезнале.  (МИА)

Теми на денот

To top