Мајк Џонсон, спикер на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, неделава ќе свика одделно гласање за новата помош за Израел и Украина. Претходно, нацрт законот предвидуваше едно гласање за оваа меѓународна воена помош, но тоа беше пречка во усогласувањето.
Одлуката на спикерот да се гласа по прашањето за помошта на Украина ги зголемува шансите за излез од ќорсокакот во кој се најде Конгресот уште од октомври минатата година, кога претседателот Џо Бајден побара итна помош за одбраната на Киев од руската инвазија.
Помошта за Израел, Украина и Тајван ќе бие разделена на четири одделни нацрт закони „и тоа може да се случи уште неделава“ изјави Џонсон синоќа. Ова се случува после речиси два месеца откако Сенатот гласаше за првичниот законски проект што ги опфаќаше трите земји во едно решение.
Очекувајќи средба со колегите реубликанци, спикерот синоќа изјави дека долниот дом ќе разгледа четири нацрт закони, од кои три за помошта за трите земји а четвртиот за националната безбедност на САД.
-Знаеме дека светот гледа во нас, да види како реагираме. Луѓето следат по тоа дали Америка може да застана во одбрана на своите сојузници, заштитувајќи ги своите интереси низ целиот свет. И ние тоа ќе го направиме, изјави тој.
Влијанието на Џонсон врз раздробеното републиканско мнозинство уште повеќе се засили благодарејќи на претседателскиот кандидат на републиканците, Доналд Трамп, кој во говор викендов во неговиот ресорт Мар-а-Лаго во Палм бич, Флорида, изрази подршка за идејата на спикерот. (МИА)