Шефот на Обединетите нации за климата, Сајмон Стил денеска изјави дека на човештвото му преостануваат уште две години да го спаси светот така што ќе направи драматични промени во емитувањето гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина.
„Сè уште имаме шанса да се намали емитувањето гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина со новата генерација на национални планови за климата“, рече Стил, истакнувајќи дека „секој човек на планетата има две години да го спаси светот“.
Тој оцени дека се повеќе луѓе ширум светот сакаат борба против климатските промени бидејќи „го чувствуваат нивното влијание во секојдневниот живот и во буџетот на домаќинствата“ и додаде дека „намалувањето на загадувањето со фосилни горива ќе значи подобро здравје и огромни заштеди за владите и домаќинствата“. (МИА)