Свет Запрепастувачка безобѕирна кампања

Мур: Русите изведуваат запрепастувачки саботажи низ Европа

-Нашата безбедност – британска, француска, европска и трансатлантска – ќе биде загрозена. Неодамна разоткривме зачудувачки непромислена кампања на руска саботажа во Европа, иако Путин и неговите помошници прибегнуваат кон штракање нуклеарно оружје за да сеат страв од последиците од помошта на Украина, рече Мур.

Мур: Русите изведуваат запрепастувачки саботажи низ Европа

Русија води „запрепастувачка безобѕирна кампања“ на саботажа во Европа додека „штрака со своето нуклеарно оружје за да ги заплаши земјите што и помагаат на Украина“, изјави денеска шефот на британската разузнавачка служба.

Ричард Мур, шефот на британската тајна разузнавачка служба МИ6, денеска во Париз изјави дека Путин нема да запре доколку успее да ја претвори Украина во вазална држава.

-Нашата безбедност – британска, француска, европска и трансатлантска – ќе биде загрозена. Неодамна разоткривме зачудувачки непромислена кампања на руска саботажа во Европа, иако Путин и неговите помошници прибегнуваат кон штракање нуклеарно оружје за да сеат страв од последиците од помошта на Украина, рече Мур.

Мур вели дека трошокот за поддршка на Украина е добро познат, но тој истакна дека „трошокот да не се направи ништо би бил бескрајно поголем“.

-Ако Путин успее, Кина ќе ги одмери импликациите, Северна Кореја ќе се охрабри, а Иран ќе стане уште поопасен, предупредува Мур.

НАТО и западните разузнавачки служби рекоа дека Русија стои зад зголемениот број непријателски активности низ евроатлантскиот регион, од кибер напади до подметнување пожари поврзани со Москва. Русија негира сè.  (МИА)

To top