Свет уследи по петицијата со која се бара да се забрани неговото учество

Можно е и Илиноис да му забрани на Трамп учество во прелиминарните избори

Петицијата ја поднесоа пет гласачи кои тврдеа дека Трамп нема право да учествува на изборите според 14-тиот амандман. Според одредбата од ерата на Граѓанската војна, не може некој да извршува функција ако „учествувал во бунт“.

Можно е и Илиноис да му забрани на Трамп учество во прелиминарните избори

Изборната комисија на американската сојузна држава Илиноис денеска ќе дебатира дали на Доналд Трамп ќе му биде дозволено да биде кандидат на републиканските прелиминарни избори во таа држава. Тоа уследи по петицијата со која се бара да се забрани неговото учество.

Состанокот на Државната изборна комисија на Илиноис, кој е рамномерно поделен меѓу демократите и републиканците, доаѓа нешто повеќе од една недела пред

Врховниот суд на САД да одлучува за пресудата за сличен случај од државата Колорадо.

Имено, Врховниот суд на Колорадо утврди дека врз основа на 14-тиот амандман на Уставот на САД, на Трамп му е забрането учество на изборите, поради неговата улога во поттикнувањето на нападот врз американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година, кога неговите приврзаници упаднаа објектот.

Петицијата ја поднесоа пет гласачи кои тврдеа дека Трамп нема право да учествува на изборите според 14-тиот амандман. Според одредбата од ерата на Граѓанската војна, не може некој да извршува функција ако „учествувал во бунт“.

Покрај во Колорадо и Илиноис, слична постапка се води и во сојузната држава Мејн но конечната одлука за сите случаи ќе ја донесе Врховниот суд на САД.

Најнови вести од Свет

To top