Свет

Москва се заканува со „последици“ за оштетување на системот за рано предупредување

Москва се заканува со „последици“ за оштетување на системот за рано предупредување

Москва им се закани на САД со „последици“ поради, како што го нарече, „мешањето во рускиот систем за рано предупредување за ракети“, наводно предизвикано од неодамнешните украински напади, јави ДПА.

Заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков предупреди дека Русија може да одговори „асиметрично“ на нападите на Украина врз воените објекти, а САД да ги почувствуваат последиците.

-Ова не е првпат режимот во Киев да се обиде да го уништи нормалното функционирање на важните врски во нашата воена организација, вклучително и оние во стратешката сфера, изјави денеска Рјабков, пренесоа руските медиуми.

На крајот на мај на руски и украински телеграмски канали се појавија фотографии од оштетена радарска инсталација во Армавир во јужна Русија. Штетата можено е да беше предизвикана од напад на украински дрон, забележува ДПА.

To top