Свет

Москва ја одбила големата украинска гранична офанзива

Тешки борби беа пријавени денеска на границата меѓу Русија и Украина, бидејќи Москва соопшти оти користела борбени авиони и артилериски оган за да одбие голема украинска офанзива, пренесе ДПА.

Според Русија, стотици украински војници се обиделе да упаднат преку границата во јужниот руски регион Курск со поддршка на тенкови.

-Непријателот беше одбиен со артилериски оган, воздушни напади и употреба на борбени беспилотни летала, соопшти доцна денеска руското Министерство за одбрана.

Видеата што кружат на социјалните мрежи покажаа изгорен камион-цистерна на неодредена локација.

Гувернерот на Курск, Алексеј Смирнов, изјави дека најмалку 18 лица биле повредени од борбени беспилотни летала среде борбите.

Киев соопшти дека руските вооружени сили претрпеле „значителни загуби“. Нејзините војници, наводно, се обидувале повторно да се воспостават на украинската страна на границата, наведе ДПА.

Најнови вести од Свет

To top