Свет Делумен прекин на огнот

„Монд“: Операцијата Курск ги наруши плановите за преговори меѓу Украина и Русија

Во исто време, според изворот, Украина е решена да продолжи да работи на мировните преговори, но без Русија.

„Монд“: Операцијата Курск ги наруши плановите за преговори меѓу Украина и Русија

Украина и Русија планираа да преговараат за делумен прекин на огнот, но тоа беше нарушено поради офанзивата на украинските вооружени сили во областа Курск, пренесува парискиот весник „Монд“, цитирајќи неименуван украински функционер.

Според изворот, идејата за преговори се создала по јунскиот мировен самит за Украина.

„Катар предложи преговори за енергетика и сакаше Русија и Украина да учествуваат во нив за да се постигнат конкретни, опипливи резултати. Но, неодамнешната ескалација на украинските упади на Курск ја одложи оваа одлука. Преговорите требаше да се одржат на крајот од август“, додаде изворот.

Можеби не е случајно што самитот во Швајцарија се одржа во алпското одморалиште Бургенсток, во сопственост на катарски ланец хотели, пишува парискиот весник.

Во исто време, според изворот, Украина е решена да продолжи да работи на мировните преговори, но без Русија.

„Можеби изгледа чудно да се каже дека е возможно да се преговара за мир без Русија, но тоа е всушност возможно и ќе работиме на тоа“, рече тој, цитиран од „Монд“.  (МИА)

To top