Свет Избори и референдум

Молдавски парадокс: Победа на проевропската претседателка, пораз на референдумот за ЕУ

Гласањето „не“ на референдумот нема да го спречи евентуалното членство на Нолдавија во ЕУ, но тоа ќе нанесе сериозен удар на Санду и нејзините проевропски сојузници и речиси сигурно ќе ги попречи напорите за пристап во годините што доаѓаат.

Молдавски парадокс: Победа на проевропската претседателка, пораз на референдумот за ЕУ

Според прелиминарните резултати, гласачите во Молдавија со големо мнозинство гласаа „не“ на референдумот за потенцијално членство во Европската Унија, што изгледа како отфрлање на проевропската политика на претседателката Маја Санду, по кампањата која беше обележана со обвинувања за руско мешање.

Санду во изјава рано во понеделникот рече дека гласањето било нападнато од „криминални групи“ кои се обиделе да купат стотици илјади гласови во обид да го „поткопаат демократскиот процес“, објави молдавскиот сервис на Радио Слободна Европа.

На претседателските избори, исто така одржани во неделата, Санду освои најмногу гласови меѓу 11-те кандидати, но нејзината мала предност пред прорускиот кандидат на социјалистите Александр Стојаногло значи дека двајцата ќе се соочат во вториот круг на почетокот на следниот месец.

Многу набљудувачи оценија дека двојното изјаснување во Молдавија е клучно за одлучување за идниот правец на земјата – дали ќе има поблиски врски со Европа и со Западот или ќе се сврти повеќе кон Русија.

Со победата на Санду во првиот круг, но со негативен резултат на референдумот за ЕУ се чини дека местото на Молдавија на крстопатот Исток-Запад останува неизвесно, а загриженоста на западните поддржувачи на Кишињев, кои изразија загриженост за руското влијание во земјата меѓу Романија и Украина, нема да се избрише.

На референдумот граѓаните беа прашани дали „ја поддржуваат измена на уставот со цел пристапување на Република Молдавија во Европската Унија“?

Врз основа на 90 отсто од преброените ливчиња, 53,8 отсто од гласовите биле „против“. Излезноста беше речиси 50 отсто, што ги надмина потребните 33 отсто за референдумот да биде валиден.

„Ги чекаме конечните резултати и ќе одговориме со цврсти одлуки“, се вели во соопштението на Санду.

Гласањето „не“ на референдумот нема да го спречи евентуалното членство на Нолдавија во ЕУ, но тоа ќе нанесе сериозен удар на Санду и нејзините проевропски сојузници и речиси сигурно ќе ги попречи напорите за пристап во годините што доаѓаат.

На претседателските избори Санду доби 37 отсто од гласовите од 90 отсто преброени гласови, додека Стојаногло 28 отсто, што е многу повеќе отколку што имаше во анкетите пред гласањето. Ренато Усати, поранешен популистички градоначалник на вториот по големина град во Молдавија, Балти, е на трето место со околу 14 отсто, објави Централната изборна комисија.

Бидејќи ниту еден кандидат не добил повеќе од 50 отсто од гласовите, Санду и Стојаногло ќе се соочат во вториот круг на 3 ноември.

To top