Свет Нема официјална потврда за неговата смрт

Многу знаци укажуваат дека Хамнеи „веќе го нема“

Тој додаде дека Израел тргнал во војна за „фундаментално да ја промени“ ситуацијата во која Иран бил на пат кон нуклеарно оружје, што би му овозможило драстично да ги зголеми заканите кон своите соседи.

Многу знаци укажуваат дека Хамнеи „веќе го нема“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва изјави дека постојат многу знаци кои укажуваат дека иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи „веќе го нема“, но не ја потврди експлицитно неговата смрт.

Нетанјаху рече дека станбениот комплекс на Хамнеи во Техеран бил уништен во израелски напад претходно денеска, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Тој кажа дека нападите ќе продолжат „олку долго колку што е потребно“ и дека конфликтот ќе донесе „вистински мир“.

Израелскиот премиер рече дека сите знаат дека „таков убиствен режим“ не треба да има нуклеарно оружје со кое може да „продолжи да му се заканува на целото човештво“, пренесува „Скај Њуз“.

– Би сакале да му се заблагодариме на храбриот ирански народ што се ослободува од тие ужасни врски со тој режим. Ова е можност да направите нешто. Не седете со скрстени раце, бидејќи ќе дојде овој момент и од вас ќе се бара масовно да излезете на улиците, бидејќи мора да ја завршите оваа работа и мора да го срушите и искорените овој режим-рече Нетанјаху.

Нетанјаху наведе дека Израел од утрово ги елиминирал командантите на Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), високи функционери на иранскиот режим, високи функционери на нуклеарната програма и дека во наредните денови ќе „нападне илјадници цели на терористичкиот режим“.

Тој исто така рече дека Израел ќе создаде услови иранскиот народ да се „ослободи од синџирите на диктатурата“, дека нападите против Иран ќе „продолжат колку што е потребно“, како и дека операцијата ќе „доведе до мир, вистински мир“.

Нетанјаху му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за неговото „историско лидерство“.

– Тој е лидер кој си го држи зборот – оцени Нетанјаху.

Тој додаде дека Израел тргнал во војна за „фундаментално да ја промени“ ситуацијата во која Иран бил на пат кон нуклеарно оружје, што би му овозможило драстично да ги зголеми заканите кон своите соседи.

Соединетите Американски Држави и Израел го нападнаа Иран рано утринава во, како што беше соопштено, „превентивни напади“, до кои дојде по неуспехот на повеќе рунди преговори за иранската нуклеарна програма.

Иран потоа покрена масовни напади во знак на одмазда врз Израел и врз цели кои се поврзуваат со САД ширум регионот на Блискиот Исток.  (МИА)

Најнови вести од Свет

To top