Свет позитивен раст

ММФ: Руската економија се развива подобро од очекуваното

Руската економија е на позитивен пат на раст и се развива подобро од очекуваното, изјави заменик-шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Гита Гопинат.

ММФ: Руската економија се развива подобро од очекуваното

Како што истакна таа, ММФ минатата година беше цел на критики поради прогнозите дека руската економија ќе забележи раст.

– Мислам дека сите сега препознаваат дека тие бројки се релевантни. Се покажа дека растот на руската економија е посилен отколку што очекувавме, вели Гопинат во интервју за „Форин полиси“.

Во јануари, главниот економист и директор на Одделот за истражување на ММФ, Пјер Оливие Гуринша, изјави дека руската економија покажува подобро темпо на раст од очекуваното. Во јануари ММФ значително ја зголеми прогнозата за раст на руската економија за 2024 година на 2,6 отсто.

Најнови вести од Свет

To top