Свет Избори

Мјанмар ќе го одржи првиот круг од парламентарните избори на 28 декември

„Првиот круг од демократските повеќепартиски општи избори ќе започне во недела, 28 декември 2025 година – датумите за следните рунди ќе бидат објавени подоцна“, се наведува во соопштението на Националната изборна комисија.

Мјанмар ќе го одржи првиот круг од парламентарните избори на 28 декември

Мјанмар ќе го одржи првиот круг од парламентарните избори на 28 декември, јавија британските медиуми, повикувајќи се на државната телевизија.

Овие избори – први по државниот удар во 2021 година – ќе се одржат во декември и јануари во неколку рунди поради безбедносни причини, соопштија властите на владејачката хунта.

„Првиот круг од демократските повеќепартиски општи избори ќе започне во недела, 28 декември 2025 година – датумите за следните рунди ќе бидат објавени подоцна“, се наведува во соопштението на Националната изборна комисија.

Закажаното гласање веќе го осуди меѓународните набљудувачи, а опозицијата вети дека ќе го бојкотира, потсетуваат западните агенции.

To top