Санкциите се однесуваат на луѓе од рускиот судски систем, наведуваат од ЕУ.
Повеќе детали за новите санкции се очекува да бидат објавени во наредните денови.
Овој денешен потег уследи по кореографскиот реизбор на рускиот претседател Владимир Путин на функцијата во текот на изминатите три дена. Изборите беа во сенка на смртта на Навални во сибирски затворски логор во февруари, пренесе ДПА.
-Русија имаше избори без избор, изјави шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок пред состанокот на министрите за надворешни работи во Брисел.