Свет

Мицотакис и Зеленски потпишаа договор за соработка во безбедносни прашања

Зеленски преку социјалните мрежи ѝ се заблагодари на Грција, посочи дека од почетокот на руската инвазија „обезбедува воена поддршка за Украина, вклучувајќи материјална и техничка помош, како и обука“.

Мицотакис и Зеленски потпишаа договор за соработка во безбедносни прашања

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на Самитот на ЕУ во Брисел потпишаа договор за соработка во безбедносни прашања, со што Грција стана 21 земја-членка на Унијата која потпиша соодветен билатерален договор со Украина, јави дописничката на МИА од Атина.

Зеленски преку социјалните мрежи ѝ се заблагодари на Грција, посочи дека од почетокот на руската инвазија „обезбедува воена поддршка за Украина, вклучувајќи материјална и техничка помош, како и обука“.

– Грција е подготвена да продолжи да ги исполнува најитните одбранбени потреби на Украина. Исто така, ќе обезбеди дополнителни ресурси за забрзување на обуката за F-16 за нашите пилоти и техничари. Ја упатувам мојата благодарност до Грција за помошта и за можностите што ги обезбедува за одбрана на нашата земја и народ, напиша украинскиот претседател.

Од кабинетот на грчкиот премиер информираа дека договорот следи по пристапувањето на Грција и ЕУ кон Заедничката декларација на Г7 од јули 2023 година за поддршка на безбедноста на Украина на долг рок, но и по соодветниот договор ЕУ-Украина, потпишан на 27 јуни 2024 година на маргините на Европската Советот во Брисел.

Дополнително посочија дека „договорот го отвора патот за активно учество на Грција во напорите за обнова на Украина“.   (МИА)

Најнови вести од Свет

To top