Свет

Мерц неделава на средба со Трамп: Ќе се залагам за праведен прекин на огнот во Украина

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ќе се заложи за „праведен прекин на огнот“ во Украина на неговата прва средба со американскиот претседател Доналд Трамп, закажана за четврток во Вашингтон, соопшти портпаролот на германската влада.

Мерц, кој должноста ја презеде минатиот месец, ја постави поддршката за Украина како еден од приоритетите на неговата надворешна политика, во време на зголемена загриженост за американската безбедносна посветеност кон Европа.

– Целите на владата се јасни, а канцеларот ќе направи сѐ за да го убеди американскиот претседател за неопходноста од праведен прекин на огнот, вклучувајќи можност за санкции, изјави портпаролот.

Тој додаде дека Мерц е запознаен со иницијативата на американскиот сенатор Линдзи Греам за воведување построги санкции кон Русија, но дека не планира да се меша во внатрешната политика на САД.

Греам, републикански сенатор од Јужна Каролина, рече дека предложениот закон, кој беше поддржан од 82 ко-законодавци, ќе воведе „санкции кои ќе ги скршат коските“ на Русија“ и нејзините клиенти. Законот треба да помине во Сенатот и Претставничкиот дом, а потоа да го потпише Трамп, кој неодамна ја критикуваше Русија поради засилените напади врз Украина.

To top