Свет

Мелони во официјална посета на Кина

Мелони во официјална посета на Кина

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска пристигна во официјална посета на Кина за да ги промовира економските односи и да разговара за војната во Украина, објавија кинеските државни медиуми.

Најавено е дека Мелони, која останува до среда, во Пекинг треба да разговара со кинескиот претседател Си Џинпинг и премиерот Ли Чијанг за „главните меѓународни прашања, почнувајќи од војната во Украина“, а ќе го посети и Шангај, економската престолнина на Кина.

Минатата година Италија се повлече од меѓународниот договор со Кина „Појас и пат“, бидејќи претходно беше единствената од Групата седум напредни демократии на светот и ЕУ (Г7) што учествуваше во огромната програма на Пекинг за инвестиции во инфраструктурата во Азија и Европа.

Пред да дојде на власт, Џорџа Мелони рече дека е „сериозна грешка“ приклучувањето на програмата.

Ова е прва официјална посета на Мелони на Кина.

To top