Свет

Мелони: Прерано е да се зборува за втор мандат на Урсула фон дер Лајен на чело на ЕК

-Сè уште собираме податоци за да го разбереме мнозинството, но сè уште има мнозинство што ја поддржа Урсула, но и партиите кои не се дел од ова мнозинство растат, рече Мелони, говорејќи за италијанското радио РТЛ за резултатите од изборите за Европскиот Парламент (ЕП).

Мелони: Прерано е да се зборува за втор мандат на Урсула фон дер Лајен на чело на ЕК

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска изјави дека е прерано да се зборува за втор мандат на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

-Сè уште собираме податоци за да го разбереме мнозинството, но сè уште има мнозинство што ја поддржа Урсула, но и партиите кои не се дел од ова мнозинство растат, рече Мелони, говорејќи за италијанското радио РТЛ за резултатите од изборите за Европскиот Парламент (ЕП).

Таа додаде дека изборните резултати го покажуваат барањето на граѓаните, ЕУ да посвети поголемо внимание на десницата и дека Италија ќе има клучна улога во Европа. Мелони оцени дека изборниот успех на Марин Ле Пен во Франција е многу важен и дека укажува на настаните во Франција и другите европски земји.

-Мислам дека ни треба Европа која е поспособна да ги слуша своите граѓани, која помалку се меша во нивните животи, но која се занимава со големите прашања што спаѓаат во нејзина јурисдикција, истакна Мелони.

Нејзината партија „Браќата на Италија“ на изборите за ЕП освоила 28,85 отсто од гласовите, додека на второ место е левичарската опозициска Демократска партија со 24,04 отсто, покажуваат податоцит.

To top