Свет изјава

Мелони го критикува американско-израелскиот напад врз Иран како дел од опасен тренд

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска го критикуваше американско-израелскиот напад врз Иран на досега најсилен начин, опишувајќи го како дел од растечкиот и опасен тренд на интервенции „надвор од рамките на меѓународното право“.

Нејзината изјава во парламентот следеше по повторените обвинувања од опозицијата дека нејзината централно-десничарска влада е премногу мека кон своите сојузници.

Повеќето европски земји, со исклучок на Шпанија, не ги критикуваа директно американско-израелските напади и најчесто повикаа на воздржување од конфликт.

Мелони, која е блиска со американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, рече дека Иран не смее да добие нуклеарно оружје бидејќи тоа би значело крај на меѓународниот договор за неширење на нуклеарно оружје со „драматични последици за глобалната безбедност“.

Обраќајќи се пред пратениците, Мелони ја спореди војната на Блискиот Исток со руската инвазија на Украина во 2022 година.

„Во контекст на структурната криза на меѓународниот систем во која заканите стануваат сè пострашни, а едностраните интервенции надвор од меѓународното право стануваат сè почести, тогаш во тоа мораме да ја сместиме американската и израелската интервенција против иранскиот режим“, рече Мелони.

Таа додаде дека Рим им обезбедува на земјите од Заливот противракетни системи за заштита од ирански контранапади.

„Ова не го правиме само затоа што тие се пријателски нации и стратешки партнери на Италија, туку и затоа што во таа област има десетици илјади италијански граѓани кои мора да ги заштитиме, а да не зборуваме за фактот дека во Заливот има околу 2.000 италијански војници“, истакна Мелони.

To top