Свет

Меланија „нема да биде на должност 24 часа на ден“ доколку Трамп ја освои Белата куќа

Таа верува дека може да биде „мајка и прва дама во исто време“.

Меланија „нема да биде на должност 24 часа на ден“ доколку Трамп ја освои Белата куќа

Малку е веројатно дека сопругата на поранешниот американски претседател Меланија Трамп повторно целосно ќе ја преземе улогата на прва дама доколку Доналд Трамп биде реизбран за претседател, објави Индипендент.

Според изворот, словенечката поранешна манекенка склучила договор со Трамп дека таа, доколку тој се врати во Белата куќа во ноември, „нема да биде на должност како прва дама 24 часа на ден, седум дена во неделата“.

Таа верува дека може да биде „мајка и прва дама во исто време“.

Наместо полно работно време како сопруга на претседателот, Меланија Трамп планира своето време да го подели меѓу Вашингтон и Њујорк, каде нивниот син Барон Трамп ги започнува студиите на Универзитетот во Њујорк.

To top