Свет УНРВА

Меѓу 35 и 45 лица загинати во израелскиот напад врз училиште на ОН во Газа

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска објавија дека проценуваат дека 20 до 30 терористи на Хамас и Исламски џихад биле во училиштето во Нусејрат кога израелскиот напад се случил во текот на ноќта, објави „Тајмс оф Израел“.

Меѓу 35 и 45 лица загинати во израелскиот напад врз училиште на ОН во Газа

Во израелскиот напад врз училиште на Обединетите нации во Нусејрат, во централниот дел на Газа, загинаа меѓу 35 и 45 лица, изјави денеска директорката за комуникации на Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА), Џулиет Тума, наведувајќи дека се уште не може да ја потврди точната бројка на загинатите во нападот, пренесоа британските медиуми.

Хамас претходно соопшти дека во нападот загинале најмалку 27 лица, а неколку десетици се повредени.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска објавија дека проценуваат дека 20 до 30 терористи на Хамас и Исламски џихад биле во училиштето во Нусејрат кога израелскиот напад се случил во текот на ноќта, објави „Тајмс оф Израел“.

Од ИДФ наведоа дека членовите на терористичките групи биле во три училници кои биле одвоени од областа каде што се засолниле раселените цивили.

Армијата посочува дека нападот бил одложуван двапати за да се избегнат штети врз цивилите.

ИДФ соопшти дека нападот бил прецизен и дека неколку терористи се „елиминирани“. (МИА)

To top