Свет Европски парламент

Мецола до иранскиот народ: Ова е ваш момент, не се откажувајте од слободата

„Убиствата мора да престанат, невините мора да бидат ослободени, а репресијата мора да заврши“, додаде таа.

Мецола до иранскиот народ: Ова е ваш момент, не се откажувајте од слободата

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, упати силен апел до граѓаните на Иран да истраат во своите протести и покрај суровата репресија од страна на режимот во Техеран.

„До тие храбри девојки, студенти, мажи и жени на улиците: Ова е ваш момент“, напиша Мецола на социјалната мрежа „Икс“. Таа истакна дека режимот што ги блокира комуникациите и интернетот всушност покажува дека се плаши од сопствениот народ.

Мецола побара од лидерите во Техеран итно да го променат курсот, нагласувајќи дека барањата за слобода и достоинство се легитимни.

„Убиствата мора да престанат, невините мора да бидат ослободени, а репресијата мора да заврши“, додаде таа.

Претседателката на ЕП ги повика земјите-членки на Европската Унија да го засилат притисокот врз Техеран, порачувајќи дека Европа има должност да дејствува во заштита на основните човекови права.  (МИА)

To top