Свет ЕУ мора да го испорача она што го вети пред две години

Мецола: Денеска е добар ден за Европа

-Денеска е добар ден за Европа, откако неколку недели ги држевме во неизвесност нашите пријатели во Украина, додаде Мецола на прес-конференцијата по нејзиното учество на дел од денешното заседание на Европскиот совет во Брисел.

Мецола: Денеска е добар ден за Европа

Договорот за ревизија на Повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ, која во најголем дел вклучува обезбедување средствата за помош за Украина, ќе ги овозможи легитимитетот, кредибилитетот и предвидливоста кои се очекуваат од нас, изјави претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, поздравувајќи го договорот меѓу лидерите на земјите членки на ЕУ за финансиска поддршка на Киев од 50 милијарди евра во следните четири години.

-Денеска е добар ден за Европа, откако неколку недели ги држевме во неизвесност нашите пријатели во Украина, додаде Мецола на прес-конференцијата по нејзиното учество на дел од денешното заседание на Европскиот совет во Брисел.

Таа нагласи дека од безбедноста на Украина зависи и европската безбедност, па затоа ЕУ мора да го испорача она што го вети пред две години.

-Ќе стоиме покрај Украина онолку колку што е потребно. Ова ветување не е важно само од морална, туку и од стратешка гледна точка, нагласи Мецола.

Според неа, со договорената ревизија на Финансиската рамка се зголемуваат и средствата наменети за справување со миграцијата и со елементарните непогоди, како и за потребите на европските граѓани.

Таа додаде дека на заседанието на Советот станало збор и за состојбата на Блискиот Исток и за начините на поттикнување на мировниот процес.

-Европскиот парламент беше првата институција во ЕУ која повика на траен прекин на огнот во Газа, како единствен начин да се обезбеди траен мир и стабилност, како и за ослободување на сите заложници и препуштање на управувањето со Газа на легитимните палестински претставници, изјави Мецола.

Таа додаде дека мора да се работи и на дистрибуција доволни количества хуманитарна помош, како и дека решението за конфликтот со создавање две држави е единственото кое ќе гарантира безбедност за Израел и перспектива за палестинскиот народ.

Најнови вести од Свет

To top