Свет Си-Ен-Ен

Маск не е заинтересиран за позиција во идната администрација на Трамп

Маск најверојатно нема да биде во идната администрација на Доналд Трамп, а во исто време расте неговото влијание врз новоизбраниот претседател на САД, објави денеска Си-Ен-Ен

Маск не е заинтересиран за позиција во идната администрација на Трамп

Американскиот милијардер Илон Маск најверојатно нема да биде во идната администрација на Доналд Трамп, а во исто време расте неговото влијание врз новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, објави денеска Си-Ен-Ен, повикувајќи се на повеќе извори.

Американскиот ТВ канал потсетува дека на Маск јавно му било понудено да раководи со комисијата за ефикасност за намалување на трошоците во американската сојузна влада.

Сепак, извор запознаен со ова прашање рече дека е малку веројатно дека тој воопшто би сакал владина позиција со полно работно време, со оглед на тоа што би значело за неговата улога во компаниите што ги води.

Најнови вести од Свет

To top