Свет обвинувања за сексизам и сексуален напад

Макрон застана зад актерот Депардје во „ловот по него“

„Јас сум голем обожавател на Жерар Депардје, тој е одличен актер… Тој помогна да се запознае светот со нашите големи писатели, ја прави Франција горда“, рече Макрон за време на интервјуто за ТВ каналот „Франс 5“.

Макрон застана зад актерот Депардје во „ловот по него“

Францускиот претседател Емануел Макрон застана на страната на филмската ѕвезда Жерар Депардје и се спротивстави на, како што рече, „ловот“ што се води по него.

Тој се огради од барањето на француската влада да му го одземе на актерот највисокото одликување на Франција, медалот Легија на честа, по обвинувањата за сексизам и сексуален напад.

„Јас сум голем обожавател на Жерар Депардје, тој е одличен актер… Тој помогна да се запознае светот со нашите големи писатели, ја прави Франција горда“, рече Макрон за време на интервјуто за ТВ каналот „Франс 5“.

Депардје во последните години се соочи со низа обвинувања за сексизам и сексуално насилство, кои тој ги негираше.

Во март 2022 година, судот во Париз одлучи да ја продолжи истрагата против добитникот на наградата во Кан, откако една актерка го обвини за силување. Подоцна се огласила актерката Шарлот Арно, која рекла дека таа е жената која го обвинила Депардје и дека не може да продолжи да молчи за сето она што го доживеала. Оттогаш, повеќе од 10 жени го обвинија Депардје за сексуален напад.

Најнови вести од Свет

To top