Свет Ла Гранд-Мот

Макрон предупреди за антисемитизам по пожарот во синагога во јужна Франција

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен изјави дека пожарот е последица на „криминален чин“. 

Макрон предупреди за антисемитизам по пожарот во синагога во јужна Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска предупреди за антисемитизам по пожарот во синагогата Бет Јаков во населеното место Ла Гранд-Мот во близина на Монпеље на југот на земјата.

„Ќе направиме се што можеме за да го најдеме сторителот на овој терористички чин и да се заштитат местата за богослужба (во Франција). Борбата против антисемитизмот не запира и тоа е борба за единство на нацијата“, рече Макрон, пренесува дневниот весник „Фигаро“.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен изјави дека пожарот е последица на „криминален чин“.  (МИА)

Најнови вести од Свет

To top