Свет Франција

Макрон пред Божиќ во посета на Обединетите Арапски Емирати

Макрон сака да обезбеди поддршка од ОАЕ во „војната“ што ја покрена против трговијата со наркотици.

Макрон пред Божиќ во посета на Обединетите Арапски Емирати

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска и утре ќе престојува во посета на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) за да го прослави Божиќ со француските војници распоредени во странство и да го промовира партнерството со оваа заливска земја во борбата против трговијата со наркотици.

Макрон, придружуван од министерката за одбрана на Франција, Кетрин Вотрин, за време на посетата ќе се сретне со претседателот на ОАЕ, шеикот Мухамед бин Зајед ал Нахјан, за да разговараат за „зајакнување на стратешкото партнерство“ меѓу двете земји, со акцент на безбедносната и одбранбената соработка.

Франција, според „Фигаро“, сака да обезбеди поддршка од ОАЕ во „војната“ што ја покрена против трговијата со наркотици.

To top