Свет

Макрон ќе се консултира со Оланд и Саркози за надминување на политичкиот ќорсокак во Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон утре ќе се консултира со неговите претходници Франсоа Оланд и Никола Саркози во обид да се надмине политичкиот ќорсокак во земјата.

Макрон ќе се консултира со Оланд и Саркози за надминување на политичкиот ќорсокак во Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон утре ќе се консултира со неговите претходници Франсоа Оланд и Никола Саркози во обид да се надмине политичкиот ќорсокак во земјата.

Макрон, исто така, планира да се сретне и со поранешниот социјалистички премиер Бернар Казнев, објавија телевизиите Франс Инфо и Бе Еф Ем, пренесува ДПА.

Казнев беше на чело на владата на Оланд од декември 2016 до мај 2017 година и, според пишувањата во француските медиуми, би можел повторно да се кандидира за премиер.

Месец и пол по предвремените парламентарни избори во Франција, Макрон се уште не назначил нов премиер. Исто така, нема изгледи и за одржливо владејачко мнозинство.

Изборите донесоа изненадувачка победа за левичарската алијанса Нов народен фронт, која ги победи центристичките сили на Макрон и екстремните десничари на Марин Ле Пен, за кои се предивидуваше дека ќе освојат најмногу гласови, но никој не успеа да обезбеди мнозинство во Парламентот.

Левичарската алијанса во неколку наврати јасно ги кажа своите аспирации да формира влада. Сепак, Макрон ја отфрли можноста тие да формираат влада со образложение дека таа веднаш ќе биде соборена со гласање недоверба.

И покрај неколкуте рунди консултации меѓу Макрон и партиите, останува нејасно како може да се формира стабилна влада во Франција. Коалициите се невообичаени во земјава, што го отежнува формирањето на фукционална влада, посочува ДПА.

Најнови вести од Свет

To top