Свет ОИ Париз

Макрон ја пофали храброста на церемонијата за отворањето на Олимписките игри

-Ова ја покажа храброста на Франција, а сето тоа се случи со соодветна уметничка слобода, рече Макрон. – Ништо не ги оправдува заканите кон уметникот, додаде тој. (МИА)

Макрон ја пофали храброста на церемонијата за отворањето на Олимписките игри

Францускиот претседател Емануел Макрон изрази поддршка на уметниците одговорни церемонијата за отворање на Олимписките игри 2024, кои добија смртни закани, и ја пофали нивната „храброст“, додавајќи дека таа церемонија ја направила Франција горда.

Француските власти отворија истрага за заканите за смрт на уметничкиот директор на церемонијата, Томас Жоли, откако тој беше вознемируван на интернет поради слика која изгледала како пародија на ремек-делото на Леонардо да Винчи „Последната вечера“.

– Скандализиран сум и тажен поради тоа што го преживеа, рече Макрон на новинарите во Париз, по враќањето од летниот одмор на француската ривиера за да ги поддржи француските олимпијци.

– Французите и целиот свет беа многу горди на оваа церемонија за отворање, што нè направи многу горди, рече Макрон. – Неговата храброст направи многу добро за многу луѓе.

Сцената која предизвика гнев кај Католичката црква, екстремно десничарските политичари во Франција и верската десница во Соединетите Американски Држави вклучуваше „драг кралици“, трансроден модел и гол пејач нашминкан како грчкиот бог на виното Дионис.

Организаторите на свеченоста за отворање на Игрите изразија жалење и истакнаа дека немале намера да покажат непочитување кон ниту една верска група. Жоли исто така рече дека немал намера да врши верска субверзија, туку дека сцената требала да прикаже паганска гозба поврзана со боговите на Олимп.

Макрон потенцираше дека на луѓето им е дозволено да критикуваат и да имаат мислење, но дека заканите за смрт немаат место во демократија и дека церемонијата покажала дека Франција ја почитува уметничката слобода.

-Ова ја покажа храброста на Франција, а сето тоа се случи со соодветна уметничка слобода, рече Макрон. – Ништо не ги оправдува заканите кон уметникот, додаде тој. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top