Свет Франција

Макрон го именува Давид Амиел за нов министер за буџет

Во својата прва изјава на својата нова позиција, Амиел рече дека ќе се стреми да обезбеди правилно спроведување на буџетот за 2026 година, кој официјално беше усвоен дури минатиот месец.

Макрон го именува Давид Амиел за нов министер за буџет

Францускиот претседател Емануел Макрон го именува Давид Амиел (33) за свој нов министер за буџет, објави Кабинетот на Макрон.

Амиел ја заменува Амели де Моншален, близок сојузник на Макрон, која беше назначена за шеф на највисокиот суд на ревизори во Франција на почетокот на февруари, објави денеска Политико.

Во својата прва изјава на својата нова позиција, Амиел рече дека ќе се стреми да обезбеди правилно спроведување на буџетот за 2026 година, кој официјално беше усвоен дури минатиот месец.

Тој најави дека ќе се фокусира на подобра контрола на даночната евазија и измамите при добивање социјални бенефиции.

Според последната владина проценка, се очекува тековниот буџет да ја остави Франција со дефицит од пет проценти од бруто домашниот производ во 2026 година.

Амиел ги помина последните три месеци како министер за јавен сектор на Франција, што беше негова прва владина позиција. (МИА)

To top