Свет

Лувр: Крадците можеле да бидат фатени ако чуварите гледале во камерите 30 секунди порано

Двајца функционери од административната истрага за безбедноста во париски Лувр денеска во францускиот Сенат изјавија дека крадците можеле да бидат фатени ако членовите на обезбедувањето ги погледнеле снимките од надзорните камери 30 секунди порано, пренесе денеска францускиот весник Паризиен (Le Parisien).

Сенатот денеска ги сослушуваше сведочењата на двајцата функционери кои ја водат административната истрага за безбедноста во Лувр, покрената по кражбата на накит на 19 октомври од парискиот музеј.

– Агентите за обезбедување можеле, доколку гледале во камерите 30 секунди порано, да го спречат бегството на крадците, рече Ноел Корбен, директор на Генералниот инспекторат за културни работи, пред Одборот за култура на Сенатот.

Вториот известувач за истрагата, Паскал Мињере, од Мисијата за безбедност, сигурност и ревизија при Министерството за култура, рече дека надворешната камера „јасно го снимила доаѓањето на крадците, поставувањето на дигалката, двајцата крадци како се качуваат на балконот и неколку минути подоцна, нивното брзо заминување“.

Меѓутоа, таа снимка никој не ја гледал во живо, а кога ја активирал чуварот за обезбедување „веќе било предоцна, бидејќи крадците ја напуштиле Галеријата Аполо“, каде што бил изложен украдениот накит.

Еден од сенаторите, центристот Лоран Лафон, рече дека заклучоците од извештајот укажуваат на „општ пропуст и на музејот и на неговото надзорно тело да се справат со безбедносните проблеми пред грабежот“.

Украдениот накит е проценет на околу 88 милиони евра. Четири лица се уапсени во врска со истрагата, но украдените експонати не се пронајдени.

To top